Со заштитни маркички Македонија ќе го штити пазарот на брашно

Bez autora
Jul 24 2013

Со заштитни маркички за увоз ќе се евидентира прометот на брашното, а на тој начин ќе се заштити домашниот пазар. Ова се измените на Законот за квалитет на земјоделски производи кој по брза постапка вчера помина во матичната комисија во Собранието. Во услови кога поради уредбата за условен увоз на пченица и брашно, кои се единствената мерка која Македонија ја воведе за заштита на домашниот пазар, Србија реагираше и се закани со реципрочни мерки и обвинување дека е прекршен ЦЕФТА договорот, Владата предложи законски измени според кои ќе се подобри конкурентната способност на нашата мелничка индустрија.

Со заштитни маркички Македонија ќе го штити пазарот на брашноСо заштитни маркички за увоз ќе се евидентира прометот на брашното, а на тој начин ќе се заштити домашниот пазар.

Ова се измените на Законот за квалитет на земјоделски производи кој по брза постапка вчера помина во матичната комисија во Собранието.

Во услови кога поради уредбата за условен увоз на пченица и брашно, кои се единствената мерка која Македонија ја воведе за заштита на домашниот пазар, Србија реагираше и се закани со реципрочни мерки и обвинување дека е прекршен ЦЕФТА договорот, Владата предложи законски измени според кои ќе се подобри конкурентната способност на нашата мелничка индустрија.

Законското решение предвидува уредување на пазарот на брашно со кое би се опфатиле начинот и постапката за евидентирање, означувањето со маркички на брашното кое се става во промет, како и количината на брашно кое може да се добие од одредена количина и квалитет на пченица.

Според законските измени, брашното може да се стави во промет само ако е означено со контролна маркичка и ги исполнува условите за квалитет. Операторот со брашно, пред почетокот на производство, увоз и ставање во промет треба да има производителска спецификација која треба меѓу основните информации на производителот да содржи и краток опис на технолошкиот процес на производство на производот, видот и количината на искористени суровини и извештај за испитување на органолептичките, физичките и хемиските својства на производот.

- Со оглед на тоа што на годишно ниво во промет во државата во просек се ставаат околу 175.000 тони брашно и тоа од увоз (пченица и брашно) 99.464 тони и од домашно производство околу 75.000 тони, за да се реализира оваа мерка ќе бидат потребни околу 6,2 милиони денари годишно, пари од Буџетот за зајакнување на мелничката индустрија - се вели во предложените законски измени.

Според Министерството за земјоделство, со овие мерки индиректно се очекува да се намали ДДВ-то за добиточната храна од сегашните 18% на 5%, за да се изедначи со останатите суровини и производи што потекнуваат од пченица, а се користат при производство на добиточна храна.

- Со предложениот начин на уредување на пазарот на брашно, за спроведување на законот се проценуваат финансиски средства за печатење на евидентните маркички на пакувањата на брашно кои се ставаат во промет во земјата со единечна цена на маркичка од 0,2 денари маркичка, или вкупно 6,2 милиони денари, кои средства ќе бидат на товар на буџетот преку буџетските средства на Министерството за земјоделство, за 2013 година. Со оглед на тоа што се очекува дека увозот на брашно наредните години ќе се намали, се проценува дека и буџетските средства за печатење на маркичките ќе се намалуваат секоја година во просек за 1 милион денари - стои во предлог измените на законот.

За следење на состојбата на пазарот на брашно, во законското решение се предлага воспоставување на пазарен информативен систем кој ќе содржи податоци за количините на складирано брашно и за капацитетите на млиновите. Млиновите ќе бидат должни да доставуваат месечни извештаи за количината на брашно која ја откупиле или која им стои во залиха.

Месечните потреби од пченица наменети за производство на брашно и леб и други производи од брашно изнесуваат околу 25.000 тони (претворено во брашно 17.500 тони) или годишно 300.000 тони пченица или 210.000 тони брашно. Над 85% од увезеното брашно и пченица во Македонија доаѓа од Србија.

ЦЕФТА заврши, останува на сила условениот увоз на пченица и брашно

На вонредниот состанок на ЦЕФТА кој во понеделникот се одржа на барање на српската Влада, која смета дека Македонија презела нелегални мерки за ограничување на увозот на пченица и брашно, двете страни се договорија да не се преземат никакви мерки се додека не се создадат услови за стабилизација на пазарот. Српските власти обвинуваа дека мерката која ја донесе македонската Влада им предизвикува загуби на српските земјоделци, додека македонската страна се бранеше оти со огромниот увоз од Србија се нарушува домашниот пазар.

Според српските медиуми, стопирање на мерката за ограничување на увозот на пченица и брашно од Србија може да се склучи во некој разумен рок, за не повеќе од два месеци.

Мерката предвидува, на еден килограм увезена пченица да се откупат 3 килограми домашна, а за килограм брашно од увоз, откуп на 4 килограми пченица. Србија се закани дека ќе воведе реципрочни мерки кон Македонија, ако не ја укине времената мерка. Но, македонската страна настапи со аргументи дека токму неконтролираниот увоз на огромна количина на пченица и брашно, не би можела да издржи ниту една земја. Затоа, согласно правилата на ЦЕФТА, се одлучи на ваква мерка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik